кога некои меѓу нив рекоа: „О жители на Јесриб1, овде нема место за вас, затоа вратете се!“, а други меѓу нив бараа дозвола од Веровесникот и говореа: „Куќите наши се незаштитени!“ – а не беа незаштитени, туку тие само сакаа да избегаат.
Footnotes
[1]
Денешниот град Медина во Саудиска Арабија, во предисламското време се викал Јесриб. Мухамед, Божјиот мир нека биде над него, и многуте муслимани се иселиле од Мека во Јесриб и таму се населиле. Затоа градот набргу бил наречен Градот на Пратеникот или накратко – Медина.