А кога одредивме да умре, црвот кој го беше изгризал стапот негов – ги предупреди дека умрел, и кога тој падна, џините сфатија дека не би биле во срамна мака доколку го знаеа гајбот (невидливото).1
Footnotes
[1]
Сулејман, мир над него, умрел стоејќи, молејќи се во Храмот, потпрен на својот стап и така останал долго да стои. Џините кои го правеле тоа што им било наредено и понатаму работеле уверени дека е жив и дека Му се моли на Бога во Храмот. Дури кога црвот го изел стапот на кој бил потпрен Сулејман, тој паднал.