„И земи со раката своја сноп и со него удри, само заклетвата не ја прекршувај!“ Ние знаевме дека тој е издржлив; прекрасен роб беше тој и многу се каеше!1
Footnotes
[1]
Пратеникот Ејуб, мир над него, Му се заколнал на Бога дека еден од членовите на семејството ќе го удри толку и толку пати со стап, затоа што не го послушале. Зборовите: „Земи со својата рака сноп“ од трева или слама, во која ќе има толку стебла, односно сламки, за со еден сноп да ја исполни заклетвата и одговорниот да го удри.