На неверниците и на тие што одвраќаат од Аллаховиот Пат и од Светиот Храм – а Ние го наменивме за сите луѓе, како за жителите така и за посетителите – и на тој што во него ќе сака какво било насилство да стори, ќе им дадеме неиздржливо страдање да доживеат.