И кога на Ибрахим за прибежиште му го покажавме местото каде што е Ќаба, му рековме: „Не припишувај Ни здруженици, и исчисти ја Мојата Ќаба за тие што ќе ја обиколуваат1, кои ќе стојат2 и кои руку и сеџда ќе извршуваат.
Footnotes
[1]
Обиколувањето се нарекува „таваф“, а тоа е специфичен ибадет (обредословие) кој не се извршува на друго место освен во Мека и околу Ќаба.
[2]
Ќе стојат извршувајќи намаз (молитва), а стоењето се нарекува „кијам“.